More

    Британскиот министер Гевин Вилијамсон обвинет за неморално однесување поднесе оставка

    spot_img

    Британскиот министер Гевин Вилијамсон во вторникот вечерта најави оставка од новата конзервативна влада, откако беше обвинет за „неморално“ однесување и испраќање несоодветни пораки до пратениците и поранешните колеги.

    -„Како што знаете, постои тековен процес на жалба во врска со пораките што ги испратив“, напиша Вилијамсон, државен министер без ресор, во писмото до премиерот Риши Сунак и го објави на Твитер.

    „Исто така има и други обвинувања“ и „тие стануваат пречка за добрата работа на оваа влада“, додаде тој.

    Неговата оставка – прва во владата формирана пред две недели, доаѓа по серијата откритија за навредливи и заканувачки пораки кои наводно ги испраќал министерот.

    Тој испрати е-пошта на поранешната колешка и лидер на пратеничката група Венди Мортон затоа што се пожали дека не бил поканет на погребот на Елизабета Втора, а други го обвинуваат за малтретирање додека бил во Министерството за одбрана и за „неморално“ однесување кога тој самиот бил шеф на пратеничките групи.

    Според неговата поранешна заменичка Ен Милтон, тој ги користел финансиските тешкотии на пратеникот како средство за притисок.

    Нарекувајќи го неговото однесување „неетичко и неморално“, таа за ТВ изјави дека „добила впечаток дека тој сака валкани озборувања и ги користи како потпора доколку е потребно“.

    Други обвинети рекоа дека Вилијамсон омаловажувал државен службеник додека бил во Министерството за одбрана, велејќи му „да си го пресече грлото“ и „да скокне од прозорец“.

    Кабинетот на премиерот, Конзервативната партија и Комитетот за жалби за вознемирување на Парламентот отворија истраги.

    Назначувањето на Гевин Вилијамсон (46) во кабинетот на Риши Сунак претходно покрена прашања.

    Вилијамсон веќе двапати беше отпуштен од владите, прво од Тереза ​​Меј поради протечени документи, а потоа и од владата на Борис Џонсон за време на пандемијата.

    Премиерот Сунак, кој во вторникот повтори дека има доверба во тој свој министер, вечерта изјави дека „со голема тага“ ја прифатил неговата оставка, но дека ја „разбрал“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img