More

    Амбасадорот на Светското првенство ја нарече хомосексуалноста „ментална штета“

    spot_img

    Амбасадорот на фудбалскиот Мундијал во Катар, Калид Салман, ја нарече хомосексуалноста „ментална попреченост“, во интервју што вечерва ќе го пренесе германскиот јавен сервис ЗДФ.

    „За време на Светското првенство овде ќе се случуваат многу работи. Ајде да зборуваме за хомосексуалците. Најважно е сите да се согласат да дојдат овде, но ќе мора да ги следат нашите правила“, изјави Салман во делот од интервјуто што беше објавено.

    Поранешниот катарски фудбалер потоа додаде дека хомосексуалноста е „харам“, односно грев.

    „Тоа е харам, тоа е ментална штета“, изјави 60-годишниот поранешен фудбалер, пред да биде прекинат од портпаролот на организацискиот комитет на Светското првенство.

    Во септември, емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал-Тани увери дека сите навивачи ќе бидат добредојдени, „без дискриминација“ за време на Светското првенство.

    Хомосексуалноста е забранета во заливската држава и организаторите на турнирите се обидоа да ги уверат геј паровите дека немаат за што да се грижат за време на натпреварот.

    Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека знамињата со виножито, симбол на ЛГБТ заедницата, ќе бидат дозволени околу стадионот.

    Капитените на неколку европски селекции, меѓу кои Англија, Франција и Германија, ќе носат ленти во боја на виножитото со порака „Една љубов“ како дел од кампањата против дискриминација.

    Светското првенство во Катар започнува на 20 ноември со натпреварот меѓу домашната селекција и Еквадор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img