Јас доаѓам денеска за да дадам поддршка, бидејќи нашата партија стои 100% зад евроинтеграцискиот процес на земјава, изјави лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, пред почетокот на лидерската средба во Собранието.
Тој истакна дека ќе даде поддршка да се отворат Поглавјата со ЕУ.
– Нормално е да разговараме и за нашиот предлог-амандман. Не сум запознаен за што точно ќе се разговара на денешната средба. Нема да условуваме во никој случај. Ниту сега, ниту некогаш. Алтернатива не е партија која условува. Сакаме да воведеме принцип тој начин на условување да заврши како комуникација меѓу нас – рече Гаши пред влегувањето во Парламентот.