More

    Белград бара КФОР да им гарантира безбедност на Србите на Косово

    spot_img

    Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека излегувањето на Србите од косовските институции е еден вид народен отпор заради избегнувањето на косовските власти за ја формираат Заедницата на српски општини и заради напорите за наметнување независно Косово и на неговиот север.

    – Србија ќе биде одлучна да го заштити својот народ доколку постои безбедносна закана. Знаеме кој може да го стори тоа, тоа е Курти, изјави Дачиќ за Радио телевизија на Србија (РТС).

    Министерот потсети дека КФОР се наоѓа на Косово и дека веќе нема измолкнување „што значи или ќе постапат во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, да го гарантираат мирот и безбедноста, или јасно ќе покажат дека повеќе не се заинтересирани за тоа, бидејќи отворено се застанати на страната на Приштина”.

    Дачиќ додаде дека одлуката на Србите е „историска” и „маските паднаа за да се види дали се уште важи бриселски договор, чие спроведување е и одговорност на Брисел”.

    Српскиот министер рече дека никој во Србија не верува дека меѓународната заедница не може да влијае на Курти.

    – Ако таквите големи сили како САД, Велика Британија, Германија, Франција, Европската унија во целина, не можат да се справат со Курти, тогаш тоа ја покажува или нивната немоќ или нивната премолчена согласност дека тоа всушност го прават заедно со него – рече Дачиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img