More

    Пожар во кафуле во Русија, загинаа 13 лица

    spot_img

    Најмалку тринаесет лица загинаа во пожар што избувна во кафуле во Русија во градот Кострома, на околу 300 километри од Москва, соопштија денеска локалните власти. Локални медиуми јавуваат за 15 загинати.

    „Според првите информации, во пожарот има 13 жртви“, изјави гувернерот на регионот Сергеј Ситников преку социјалната мрежа Телеграм.

    Тој додаде дека пет лица се повредени.

    Пожарот избувнал синоќа во кафулето „Полигон” и бил изгаснат рано утринава, изјави гувернерот.

    Според итните служби, пожарот се проширил на површина од 3.500 метри квадратни.

    Локалните медиуми известуваат дека 250 лица биле евакуирани од зградата каде што избувнал пожарот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img