More

    Мукаетов објаснува за цената на билетите

    spot_img

    Македонската женска ракометна репрезентација денеска го започнува настапот на европското првенство на кое нашата земја е коорганизатор заедно со Словенија и Црна Гора. Македонија е во тешка група, а како прв предизвик е дуелот против Франција. Мечот се игра во СРЦ „Борис Трајковски“, а претседателот на РФМ, Живко Мукаетов ги повика навивачите да дадат голема поддршка на нашите репрезентативки.

    Бидејќи се работи за Европско првенство, цената на билетите ја одредува Европската ракометна федерација (ЕХФ), па затоа и најевтиниот билет е 35 евра. Сепак, од РФМ успеаја да најдат спонзори кои ќе субвенционираат 40 отсто од цената на билетот, па таа сега изнесува 15 евра, односно нешто повеќе од 900 денари.

    – Не сме поборници за скапи карти, туку ова беше нешто што го наметна ЕХФ. Ги повикувам сите да дојдат во сала и да им дадеме поддршка на девојчињата, сепак ова е Европско првенство и се игра во Македонија, треба сите да застанеме. Треба да бидеме реални и да кажеме дека на македонскиот граѓанин, на одредена структура, не им е проблем да дадат за некоја турбофолк ѕвезда тука по 800, 1.000 или 1.200 денари. Сепак мислам дека девојчињата кои играат за македонската ракометна репрезентација вредат многу повеќе од тие турбофолк ѕвезди и заслужуваат да бидат проследени со публика која ќе им даде максимална поддршка – изјави синоќа Мукатетов во гостувањето на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img