Србите од Косово во разговор со претседателот Александар Вучиќ рекле дека им преостанува само да се пакуваат на трактори или да се одбранат, пишуваат медиумите во Србија. Последните 72 часа се очекува да бидат најтешките за нашата земја во последните 10 години, а разговорите со претседателот траеле цела ноќ.
Поради сериозноста на ситуацијата, претседателот на Србија ги откажа службените патувања, а во сабота во 10 часот на седница на Владата на Србија ќе се сретне со министрите за новите настани на Косово и Метохија.
Седницата на Владата беше свикана за сабота по последните тензии на северот на Косово и Метохија и суспензијата на регионалниот командант на косовската полиција за север, Ненад Ѓуриќ, од страна на косовски власти.