More

    Познатата актерка проговори за болеста која ѝ го променила животот

    spot_img

    Актерката Кристина Еплгејт во неодамнешното интервју раскажала за тоа како изгледа нејзиниот живот откако дознала дека боледува од мултиплекс склероза.

    Пред американската актерка Кристина Еплгејт е значаен период. Наскоро ќе започне емитувањето на последната, трета сезона на серијата на Нетфликс „Dead to me“, во која таа ја толкува едната од двете главни улоги.

     

    Тој црно-хумористичен проект ѝ значи многу – времето што го поминала на снимањето ѝ било „појас за спасување“ кога потонувала во криза, преплавена со тага и гнев, иако нејзините доаѓања на сетот биле физички исклучително тешки и напорни.

    Имено, на поранешната ѕвезда на серијата „Брачни води“ во август 2021 година ѝ  била дијагностицирана мултиплекс склероза и оттогаш ретко се појавува во јавноста. Таа направила отстапка за „Њујорк тајмс“, а повод за интервјуто е почетокот на прикажувањето на последната сезона на „Dead to Me“ на 17 ноември.

    „Ова е првпат што ќе ме видите таква каква што сум. Не можам да одам без бастун, секој чекор е болен, а знам дека поради болеста и добив вишок килограми. Сакам луѓето да знаат дека сум болно свесна за сѐ“, започнала актерката.

     

    Ова не е првпат Кристина да се соочи со сериозна дијагноза. Имено, актерката пред пет години беше успешно излекувана од рак на дојка, но целиот процес беше и многу стресен и болен и физички и психички. По операцијата се врати на јавниот живот, снимаше, се чинеше дека е во ред додека минатата година не доживеа нов шок.

    Ѝ требало време да го прифати ова, па затоа снимањето на серијата беше накратко прекинато оваа пролет за да собере сили и да се соочи со незавидната ситуација.

    Исповедта завршила со тврдењето дека животот неверојатно ѝ се променил, а како што вели најлошото од сѐ е што ништо не може да направи околу тоа. Сега се труди да го направи најдоброто со тоа што ѝ останало.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img