More

    Организатор на венчавки го откри моментот кога свекрвата се обидела да ја отруе невестата на свадбата на нејзиниот син, а приказната шокираше многумина

    spot_img

    На свадбите често се случуваат непредвидливи и непријатни ситуации, а понекогаш и тепачка меѓу гостите. Еден организатор на венчавки го откри моментот кога свекрвата се обидела да ја отруе невестата на свадбата на нејзиниот син, а приказната шокираше многумина.

    Според „The ​​Sun“, Кејли (25) објавила видео на „TikTok“ во кое објаснува како работи како огранизатор за свадби. На една од нејзините венчавки дошло до голема кавга откако мајката на младоженецот се обидела да ја натера новата снаа да изеде торта што можела да ја убие.

    – Сè започнува сосема нормално. Во моите документи имаше белешка: „Невестата е сериозно алергична на кокос“. Жената од слаткарницата го знаеше тоа, тортата немаше кокос и бевме спремни за свадба – рекла Кејли, но додала дека за време на коктелот, помеѓу церемонијата и вечерата на прием, забележала непланирана испорака на колачи.

    – Мајката на младоженецот откри дека ги нарачала и дека сакала само да се погрижи сите да имаат доволно десерт, нешто што не е толку необично – објаснила таа.

    Сепак, по сечењето на тортата, работите ескалирале. Свекрвата земала од колачите и ја понудила на невестата. Таа се согласила и сакала да проба, но тогаш реагирал сопругот ја запрел и рекол: „Мамо знаеш дека е алергична“.

    – Колачот беше покриен со кокос. За среќа, младоженецот го забележал тоа и не и дозволи да го јаде. Настана тишина од 15 секунди. Никој во просторијата не се мрдна. Младоженецот ја гледаше со неверување својата мајка. Невестата изгледа апсолутно збунето и исплашено, а мајката на младоженецот, која се обидела да ја отруе својата снаа, изгледа како воопшто да не и е грижа – продолжува таа.

    Работите потоа станаа уште полоши. Младоженецот го изгуби разумот, ја фрли тортата на подот, поцрвенел во лицето и почнал да и вреска на неговата мајка: „Ти си страшна личност! Никогаш не ја поддржуваше оваа врска, но ова е навистина ниско дури и за тебе. Можеше да ја испратиш во болница, можеше да добие анафилактичен шок“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img