More

    Фон дер Лајен за Берлинскиот процес

    spot_img

    Добро е да се видат сите партнери од Западен Балкан во Берлин, една седмица по мојата посета на регионот. Тука сме за да ја продлабочиме економската соработка. Почнувајќи од енергетиката.

    Ова на Твитер го напиша претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, на почетокот на Самитот на Берлинскиот процес, што на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц се одржува во Берлин.

    – Нашиот пакет од една милијарда евра помош за Западен Балкан ќе ни помогне да ја обликуваме заедно нашата заедничка енергетска иднина, додава Фон дер Лајен во објавата на Твитер.

    Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски учествува на средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан во рамките на Самитот за Берлински процес. Во состав на владината делегација ќе бидат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

    Предвидено е на самитот да се одржат неколку сесии на кои премиерот Ковачевски заедно со лидерите од Албанија, БиХ, Косово, Србија и Црна Гора, ќе дискутираат за регионалната соработка и заеднички регионални пазари, за енергетска стабилност и трансформација, како и за перспективите на Берлинскиот процес и стратешките прашања.

    За време на Самитот ќе бидат потпишани и три регионални договори за мобилност, кои се однесуваат на признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан, меѓусебно признавање на високообразовните квалификации за докторите по медицина, денталната медицина и архитектите, како и за слобода на движење со лични карти меѓу земјите во регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img