Гугл ја суспендираше продажбата на реклами во Русија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Google објави дека ја суспендирал продажбата на онлајн реклами во Русија, додавајќи дека забраната вклучува пребарување, YouTube и партнерски издавачи.

Најголемиот светски продавач на онлајн реклами во однос на приходите се приклучи на низата компании кои ги прекинаа деловните врски со Русија по инвазијата на Украина, вклучувајќи ги Twitter и Snap. „Со оглед на вонредните околности, паузираме со рекламите на Google во Русија. Ситуацијата брзо се развива и ќе објавиме нови информации кога ќе биде соодветно“, се вели во соопштението на компанијата во четвртокот.

Google веќе им забрани на руските државни медиуми да ја користат нивната технологија при купување и продавање реклами. Цитирајќи ги внатрешните правила за деловно работење во случај на чувствителни настани, тој исто така забрани рекламирање што сака да ја искористи војната.

На почетокот на оваа недела, рускиот регулатор за комуникации Роскомнадзор му нареди на Google да престане да прикажува реклами со „неточни информации за жртвите на руските сили и украинските цивили“.

Во четвртокот, Роскомнадзор, исто така, побара од Google да престане да прикажува реклами со „лажни политички информации“ за Украина на YouTube, чија цел е „да се пласираат неточни информации во руската јавност“, објави Волстрит журнал.

„Гугл“ веќе плати повеќе од 32 милиони рубли казни во Русија минатата година за прекршување на регулативите за содржината, што Москва го казнува и за кршење на пристапот до услугите, забележува Ројтерс.

Деловната база на податоци SPARK минатата година објави дека прометот на Google во Русија во 2020 година изнесува 85,5 милијарди рубли (790 милиони долари).

Share This Article