Англиската фудбалска репрезентација се најде во необичен проблем во пресрет на почетокот на Светското првенство во Катар.
За време на Светското првенство, „Горди Албион“ ќе биде сместен во луксузниот хотел „Souq Al-Wakra“, кој се наоѓа на 15 километри од главниот град Доха.
Англичаните го избраа овој хотел поради неговите луксузни капацитети и близината до тренинг базата на стадионот Сауд Бин Абдулрахман. Сепак, весникот The Mirror објави дека во непосредна близина на хотелот ќе се одржи музички фестивал кој ќе трае дури 28 последователни ноќи.
На фестивалот MDLBEAST во Ал-Вакра ќе настапат 56 изведувачи, меѓу кои Дејвид Гета, Фетбој Слим, Фед Ле Гранд и Бени Бенаси.
Се очекуваат над 200.000 посетители, а во таборот на европските вицешампиони и полуфиналисти од последното Светско првенство стравуваат дека бучавата може да им го наруши сонот на англиските фудбалери.
„Горди Албион“ на Мундијалот ќе игра во групата Б заедно со селекциите на Иран, Велс и САД.