More

    Тинков основач на онлајн банката Тинкоф се откажал од руското државјанство поради конфликтот во Украина

    spot_img

    Милијардерот Олег Тинков, основач на онлајн банката Тинкоф, изјави дека се откажал од руското државјанство поради конфликтот во Украина.

    „Донесов одлука да се одречам од руското државјанство. Не можам и не сакам да бидам поврзуван со фашистичка земја што започна војна со нејзиниот мирен сосед и што секојдневно убива невини луѓе”, напиша Тинков на Инстаграм.

    Милијардерот изрази надеж дека и други истакнати руски бизнисмени ќе го следат неговиот пример, со цел да се ослабнат „режимот на претседателот Владимир Путин и неговата економија” и на крај да се порази.
    Тинков со пораката сподели и фотографија од потврда од рускиот конзулат како доказ дека веќе нема руско државјанство.

    „Ја мразам Русија на Путин, но, ги сакам сите Руси кои јасно се против оваа луда војна”, додаде милијардерот.

    Тинков жестоко ја критикуваше „апсурдната” руска офанзива во Украина во април, повикувајќи го Западот да помогне да заврши „масакрот”.

    Милијардерот беше уапсен во 2020 година во Лондон на барање на САД. Тие го обвинија за затајување данок. Подоцна тој со кауција беше ослободен и се лекуваше во Лондон од леукемија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img