Ученичкиот хор од основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ од Кисела Вода, Скопје, го освои првото место на натпревар во хорско пеење, што се одржа вчера (30.11.2022) во Римини, Италија.
На натпреварот хорот од Македонија, под менторство на наставничката по музичко воспитување Вера Ангеловска, го освои златниот медал.
На сцената при врачувањето на наградата се развеа македонското знаме. Честитки и многу успеси до учениците.