More

    Мицкоски: Бугарија отвора клубови на фашисти, Македонија промовира лик кој обединувал

    spot_img

    Отворањето на македонскиот клуб во Бугарија е одлична можност државниот врв да се обедини и да дојде заедно со мене таму, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за порталот А1.он.Мицкоски потенцираше дека во недела во Благоевград ќе се отвори македонски културен центар којшто го носи името на историски лик кој што обединува, за разлика од имињата на бугарскиот културен центар за кој што рече дека се имиња на докажани бугарски фашистички соработници.

    – Не може Бугарија ова да го сфати како провокација бидејќи ние не отвораме културен македонски центар кој што има име на докажан фашистички соработник. Македонскиот народ е антифашистички и така ја создал својата држава на основа на борба против фашизмот. И тие две работи не може една со друга да се спојат. Второ, ние не го негираме идентитетот на Бугарите, тие го негираат нашиот. И тука има суштинска разлика. Да ние го негираме идентитетот на Бугарите и да велевме тие се Македонци и така натаму, и така натаму, тогаш можеби и би имало некаков знак на равенство, вие што го кажувате. Но, ние едноставно одиме да си ги поддржиме нашите луѓе, да им подадеме рака и да им кажеме не сте сами луѓе, ние сме заедно со вас, без било каков обид за мешање во внатрешните работи кај нашиот источен сосед. Едноставно да го испочитуваме нашето, а така го почитуваме и туѓото – вели Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img