More

    Познат хирург дава појаснување за здравствената состојба на принцезата од Велс

    spot_img

    Познатиот абдоминален хирург Шашанг Гурјар во интервју за магазинот „Hello“ изнесе нови откритија во врска со здравствената состојба на Кејт Мидлтон, како и за евентуалните последици што таа би можела да ги почувствува по нејзината неодамнешна хируршка интервенција во приватна клиника во Лондон. На принцеза во овој тежок процес ќе и треба голема поддршка од блиските, смета експертот.

    Шашанк Гурјар е општ консултант и колоректален хирург специјализиран за лапароскопска и отворена хирургија за рак на дебелото црево, IBD (Кронова болест и улцеративен колитис) и хируршки третман на дивертикуларна болест. Тој во интервјуто зборуваше за закрепнувањето на принцезата Кејт Мидлтон по нејзината „планирана операција“ во лондонската клиника.

    Кенсингтонската палата пред неколку дена објави дека принцезата добро закрепнува и дека ја напуштила болницата.

    – Во случај на големи рани, го зашиваме стомакот и шевот е дизајниран да трае 6 до 9 месеци. По ваква интервенција пациентите чувствуваат вовлекување во стомакот, поради шевот, 6-9 месеци подоцна – објасни д-р Гурјар.

    Хирургот исто така објасни дека поддршката од луѓето околу е суштинска во закрепнувањето на принцезата по тешката операција.

    Досега, принцот и принцезата од Велс открија многу малку детали за хоспитализацијата на Кејт. Малку е познато зошто принцезата од Велс барала абдоминална операција во јануари.

    – Ако Кејт Мидлтон одлучи да ја сподели својата дијагноза во иднина, таа ќе стане стратосферска. Потенцијалот за свесност е веројатно без преседан. Затоа сум сигурен таа ќе размисли за тоа – вели кралската уредничка на „Hello“, Емили Неш во новата епизода на поткастот „Right Royal“

    Во подкастот, насловен „Кралската здравствена заштота“, Емили разговараше и за тоа зошто кралот Чарлс и принцезата од Велс избраа да останат во лондонската клиника, болница со која никогаш порано не се лекувале членовите на бритнаското кралско семејство.

    На истата клиника неколку дена откако Кејт Мидлтон беше подложена на абдоминална операција, беше хоспитализиран и кралот Чарлс на кого му беше извршена операција поради зголемена простата. Подоцна кралот Чарлс соопшти дека му е дијагностициран рак и дека почнува со лекување. Иако во официјалното соопштение не се соопштени повеќе детали за болеста на кралот, според британските медиуми болеста е откриена во рана фаза и лекарите очекуваат позитивен исхот по лекувањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img