Компаниите сами да одлучат дали ќе работат во недела

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Компаниите самостојно да одлучат дали ќе „одмораат“ во недела или не, согласно динамиката и спецификата на нивната дејност. Да се најде посоодветно законско решение од актуелното кое многу фирми става во нерамноправна положба, зашто ќе се постигне спротивен ефект од оној што сакал да го постигне законодавецот, апелира денеска Стопанската комора.

Комората предупредува дека доколку не се најде соодветно решение околу „недела неработен ден“ и ако продолжи таксативното набројување на фирмите кои може да работат во недела, а од кое се изземени многу суштински дејности (како градежништвото и трговијата), можни се зголемувања на производните трошоци, затворање на капацитетите, намалување на конкурентноста и отпуштања.

Според Комората, потребна е флексибилност, а акцентот мора да се стави на инспекцискиот надзор и на доследното почитување на работничките права што вклучува и исплата на додаток за работа во недела.

-Меѓу дејностите на кои моментно, со таксативното набројување во Законот, им е дозволено работење во недела, испуштени се суштинските, како градежништвото или трговијата (на големо и мало), кај кои е неопходен континуитет во работните процеси. Ваквите примери предупредуваат дека законското решение за „недела неработен ден“, наместо интенцијата на законодавецот, може да предизвика спротивен ефект – затворање на капацитетите и намалување на бројот  работни места. Дополнително, не само што може да предизвика финансиски загуби, туку ќе претставува и ризик од хаварии, ризик по здравјето на вработените и безбедноста при работа, ќе предизвика намалување на конкурентноста на фирмите, поголема потрошувачка на енергија и зголемени производни трошоци – беше речено на прес-конференција.

Како што истакна Орде Ѓорѓиоски од „Витаминка“ АД Прилеп, како претставник на прехранбениот сектор, законското решение мора да ја поддржува четирисменската работа.

– Од недовлно јасни причини се утврдија дејностите каде по исклучок, согласно специфики, би можело да се работи во недела, а друг ден да биде за одмор. Не ни е јасно од каде некои дејности се повластени, а некои изземени. Кои биле критериумите?. Приватниот сектор во поголем дел е зачуден од ваквото законско решение. Наместо едноставно регулирање, без таксативно наведување на дејностите кои ќе имаат право да работат во недела, вроди со нешто руго – закон со таксативно наброени дејности кои може да работат, а многу се испуштени – рече Ѓорѓиоски.

Тој истакна дека ако и натаму дополнително се предвидуваат дејности кои би работеле во недела, само ќе се стимулира правната несигунрост, а Законот ќе биде подложен на чести ревизии и дополнувања.

– Најдоброто решение е веројатно е да се предвиди недела како ден за одмор, но да нема таксативно наведување на дејностите, туку да се овозможи со пријава до Инспекторатот за труд кои компании сакаат, да работат, но и на работниците да им исплати додаток на плата – потенцира Ѓорѓиоски.

И Нена Николовска од секторот градежништво посочи дека доколку не се води грижа за обезбедување  континуитет и непречено одвивање на производните процеси (и во недела), покрај финансиските загуби, се зголемува и ризикот од хаварии.

- Advertisement -
Ad image

– Во никој случај не смее да подразбира изречна забрана за вршење на одредени економски дејности и таксативно набројување на други кои ќе бидат исклучок од правилото дека недела е ден на неделен одмор, туку потребно е секаде каде тоа е неопходно заради производниот процес, или заради оптимизирање на работните процеси на компанијата, да се остави можноста за работа на недела – рече Николовска.

Според неа, новото законско решение не е во интерес на сите работници, бидејќи ја скратува и можноста за заработка на работниците кои сакаат да заработат повеќе.

Васко  Ристовски од Комората, пак, посочи дека работата во недела како ден за одмор, за сите дејности треба да се регулира исклучиво со Законот за работни односи.

- Advertisement -
Ad image

– Ваквиот предлог од нашите членки од секторот трговија следуваат поради фактот што констатираат дека без никакви претходно утврдени критериуми се ставени во нееднаква правна положба (забрана да вршат дејност, обврска да плаќаат дополнителна јавна давачка, поголем додаток на плата) – укажа Ристовски.

Комората предлага и да се преиспита начинот на кој е дефиниран износот на додатокот на плата за работа во недела зашто може да создаде дилеми при утврдувањето на износот.

– Ако се постигне соодветно решение за „недела неработен ден“, Стопанската комора на 18 февруари, на денот на одбележувањето 100 години од своето постоење, ќе ја повлече Иницијативата доставена до Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за измени и дополнување на Законот за работни односи – рече Даниела Михајловска од Комората.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply