More

    Помош за фирмите и за животната средина

    spot_img

    До 31 октомври годинава заинтересираните фирми можат да аплицираат во Агенцијата за вработување за финансиска поддршка за креирање нови работни места преку тн. зелени инвестиции од Програмата за развој на ОН (УНДП).

    За нови вработувања компаниите може да добиваат од 205 илјади до 615 илјади денари, во зависност од одобрените вработувања, а поддршката се доделува во вид на грант, односно неповратни средства наменети за финансирање на нови деловни инвестиции насочени кон транзиција кон зелена економија во машини, алатки, опрема за обновливи извори на енергија и опрема и материјали за енергетска ефикасност.

    – Мерката обезбедува и поддршка за стручни обуки за зелени вештини за претпријатијата корисници на финансиска поддршка и за сите други претпријатија заинтересирани да го поттикнат својот деловен развој преку зелени инвестиции. Дополнително, поддршката за стручни обуки за зелени вештини ќе биде овозможено и за невработените лица со цел да се олесни нивната транзиција кон вработување во области во кои што имаат потреба од такви вештини – рече министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на промоцијата на оваа мерка во Агенцијата за вработување.

    Мерката „Поддршка за креирање нови работни места преку зелени инвестиции” треба да го поттикне создавањето нови вработувања и воедно го катализира процесот на зелена трансформација на приватниот сектор преку воведување на зелени производи и услуги, технологии или процеси во самите претпријатија.

    – Зелените работни места се оние занимања кои придонесуваат за заштита на животната средина, намалување на аерозагадувањето и справување со климатските промени, но кои во исто време обезбедуваат социјална еднаквост и инклузивност. Овие работни места во нашето поднебје имаат огромен потенцијал за обезбедат развој, пред се поради изобилието на сонце, плодна почва, недопрена природа и други предуслови, рече директор на Агенцијата за вработување Беким Мурати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img