Министерството за индустрија и трговија на Русија соопшти дека германската компанија Мерцедес-Бенц го префрлила целиот свој имот во Русија на руската компанија Автодом.
Во соопштението на Министерството беше наведено дека е потпишан договор со Мерцедес-Бенц за пренос на сите средства на компанијата во Русија на Автодом. Мерцедес го прекина производството во Русија во март.
Според податоците на Европската бизнис асоцијација (АЕБ) со седиште во Русија, продажбата на автомобили „мерцедес“ во таа земја во септември е намалена за 72,8 отсто во однос на истиот период лани.
Во Русија, средствата на компаниите Рено и Нисан претходно беа префрлени на руската влада.