Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со амбасадорот Бомгартнер и раководителот на Регионалниот економски оддел Гранджуан: Макроекономската стабилност во земјава успешно се одржува

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Како мала и отворена, нашата економија е под влијание на притисоците од тековната глобална криза. Сепак, макроекономската стабилност и стабилноста на финансискиот сектор се задржани, а здравиот банкарски сектор ја обезбедува потребната поддршка за фирмите и граѓаните. Народната банка постепено ја нормализира монетарната политика, заради стабилизирање на инфлациските очекувања и одржување на среднорочната ценовна стабилност. За ова, меѓу другото, беше разговарано за време на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Република Франција, Сирил Бомгартнер, новиот раководител на Регионалниот економски оддел при Амбасадата на Република Франција во Белград, Пјер Гранджуан и заменик-раководителката за Западен Балкан, Селин Ерише.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека заострувањето на геополитичките тензии на почетокот на годината доведе до изразени нагорни притисоци врз инфлацијата, но и притисоци на девизниот пазар поради растот на цените на енергентите и високата енергетска увозна зависност на економијата. Во вакви околности, Народната банка, како и речиси сите централни банки во светот, започна со постепено зголемување на основната каматна стапка, како и со преземање целни мерки со цел да се поттикне штедењето во домашна валута и да се поттикне финансирањето проекти за обновливи извори на енергија. На средбата беше заклучено дека стабилноста на девизниот курс е успешно задржана, а девизните резерви се на претпандемичното ниво, обезбедувајќи поддршка за постојната стратегија. Во однос на финансискиот сектор, неговата ликвидност и капитализираност беа издвоени како фактори на неговата отпорност и капацитет за обезбедување доволно кредитна поддршка. Сепак, со оглед на постојните ризици, повторно беше нагласена потребата за внимателно следење и во овој сегмент. Неодамнешното воведување противцикличен слој на капиталот беше посочено како соодветна мерка, преку којашто и понатаму се јакне отпорноста на банките на шокови.

Регионалниот економски оддел на Амбасадата на Република Франција во Република Србија ги покрива земјите од Западен Балкан. Главната мисија на Одделот е да ги следи и да ги анализира финансиските и економските ситуации во регионот, да ги следи економските политики, надворешната трговија, јавните финансии и финансискиот сектор, како и да работи на приспособување и унапредување на економските односи помеѓу Франција и земјите од регионот. Одделот исто така ги координира билатералните односи со земјите и обезбедува поддршка за меѓународниот развој на компаниите, особено преку следење на големите проекти.

Share This Article