Американскиот милионер се препозна во коментарите на шахистот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Легендарниот шахист, Русинот Гари Каспаров и најбогатиот човек на планетава, Американецот Илон Маск почнаа да „се препукуваат“ преку социјалните мрежи за војната во Украина, пред сè, со различни ставови за решавање на воениот судир. Нивниот меѓусебен конфликт почна со интервјуто на велемајсторот за „Си-ен-би-си“.

– Трошоците се огромни, но Украина ја плаќа цената. Зошто луѓето кои живеат во удобноста на своите куќи во Силиконската долина да им кажуваат на Украинците како да ги водат своите работи? Тоа е морален идиотизам и геополитичко слепило – изјави познатиот шахист, коментирајќи го предлогот како би можел да се постигне мировен договор меѓу Русија и Украина. Тој се вклучи во програма на американската телевизија додека зад него стоеше натпис „Слава на Украина“.

Американскиот бизнисмен, очигледно засегнат од овој коментар, му одговори на Русинот на Твитер.

– Иако е точно тоа дека Каспаров е речиси исто толку добар во шах колку и мојот ‘Ајфон’, тој е идиот во секој друг поглед. Немам ни куќа, а камоли ’вила’, лигуш еден – напиша Маск.

Претходно компанијата Спејс-Икс“, која е во сопственост на Илон Маск, соопшти дека ќе продолжи да го финансира „Старлинк“-сателитскиот интернет за Украина.

Share This Article