More

    Виена и Загреб наплаќаат за високите сметки, гостите ги избегнуваат терасите

    spot_img

    Кафе со греалка 14, а без греалка 12 куни наплаќаат кафулињата во Загреб, додека во Виена се доплаќаат меѓу 5 и 10 евра. Вака стојат нештата во бизнисот откако струјата драстично поскапе. Ќе дојде ли тој тренд и во Македонија? Две куни повеќе се околу 16 денари. Сопственикот на кафуле во Загреб се жали дека плаќа три пати повисоки сметки за електрична енергија. Реалноста е дека наместо 55 липи, сега киловатот чини куна и 65.

    – Мислам дека греалките надвор се луксуз, во зима. Имаме доволно внатрешен простор, ако некој навистина сака да биде надвор, ќе ги вклучиме греалките, но едноставно тој дел од трошокот треба да го префрлиме на крајниот корисник – изјавил Иван Орешковиќ, сопственик на ресторан во Загреб.

    Во Виена работите се делат и според масата. Ако е за четворица се доплаќа 5 евра, за поголема маса или повеќе маси, 10. Поради ова многу гости решиле само аперитивот да го пијат надвор во стакленикот, а потоа да влезат внатре за главниот оброк.

    – Ако не ви одговара, можете да влезете во ресторанот, каде што е топло – им рекла сопственичката на гостите кои реагирале.

    Таа сепак вели дека повеќето гости не се жалат и дека позитивно реагираат на новите промени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img