Ферстапен во Ред Бул, ја освои Големата награда на САД триумфирајќи на патеката во Остин

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Светскиот првак во Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен во Ред Бул, ја освои Големата награда на САД триумфирајќи на патеката во Остин.

Ферстапен, кој и пред трката во Тексас ја обезбеди шампионската титула мина прв низ целта пред седумкратниот светски Луис Хамилтон во Мерцедес и Шарл Леклер (Ферари).

За Ферстапен ова беше 13 победа сезонава во 19. трка, а вкупно 33 во кариерата.

Ферстапен одбраната на титулата ја обезбеди уште пред две недели во Јапонија, а во Остин тоа му успеа на Ред Бул, кој ја потврди титулата во конструктори, петта во историјата.

Триумфот на Ред Бул и победата на Ферстапен дојдоа ден откако сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиц, почина на 78 – годишна возраст по долго боледување.

Share This Article