More

    Бохуслаев водеше една од најголемите компании за авиомотори во светот

    spot_img

    Украинските власти го уапсија Вјачеслав Бохуслаев, шеф на големата украинска компанија „Мотор Сич“, еден од најголемите светски производители на авионски мотори со седиште во Запорожје, објави Киев Индипендент.

    Украинската служба за безбедност (СБУ) денеска соопшти дека го сомничи Бохуслаев за соработка со Русија. Според соопштението за печатот на СБУ, апсењето на шефот на „Мотор Сич“ е „дел од кривичната истрага за нелегалните активности на Мотор Сич, односно снабдување на Русија со опрема за воени авиони”.

    Покрај Бохуслаев, СБУ го уапси и шефот на одделот за економски активности со други земји, но не го објави неговото име. Двајцата се осомничени за „соработка со претставници на руската државна одбранбена компанија „Ростек”, еден од главните производители на оружје за руската армија.

    Според СБУ, тие двајца „воспоставиле транснационални канали за нелегално снабдување на руски воени авиони со мотори на украински авиони”. Тие додаваат дека „Русија ја користела набавената опрема за производство и поправка на своите борбени хеликоптери Ка-52, Ми-28 и Ми-8″. Службата додава дека Русија „масовно користи” такви хеликоптери во нападите врз Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img