More

    Политичарите со честитки по повод 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски, денеска упати честитка до граѓаните по повод 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

    „На Денот на македонската револуционерна борба, 23-ти Октомври, со гордост се сеќаваме на храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за независност и македонска државност. Без македонските револуционери, нивната прогресивност, нивната силна желба за слобода и правда, незамислив е континуитетот на ослободителната борба и вековниот идеал за независна македонска држава“, се вели во честитката на Ковачевски.

    „Нивната храброст и одлучност, како што потенцира премиерот, е мотив ние денес гордо и достоинствено, обединети и со забрзан чекор да ги остваруваме државните цели“, се додава во написот.

     Христијан Мицкоски

    „Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, подоцна ВМРО, која е константа на борбата на македонскиот народ за слобода и независност на Македонија.

    Ако во една реченица треба да се опише таа херојска епопеја на подеми и падови, неспорно е да се каже дека денес славиме 129 години ВМРО, борба за Македонија која трае!“, напиша Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на неговиот фејсбук-профил.

    Талат Џафери

    „Ви посакувам убав празничен ден, поминат во кругот на блиските и драги луѓе. Споменот на старите битки кои нѐ довеле до тоа што сме сега, нека биде потсетник и наш учител за новите секојдневни битки кои ги водиме во животот. Нека бидат поука дека заемното почитување, разбирање, единственоста и заедништвото во напорите за градење на современа, демократска и напредна држава единствено може да не вброи во земјите со успешна приказна. Направивме исклучително тешки чекори, нови и непознати стојат пред нас, меѓутоа, ако сме искрено и заедно на тој пат, ништо нема да нѐ поколеба!“, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери, во неговата честитка.

    Стево Пендаровски

    „На овој ден“, се наведува во честитката од Пендаровски, „се потсетуваме на храбрите млади луѓе кои, не можејќи да се помират со тешката состојба на обесправениот македонски народ, во 1893-та година ја формираа Македонската револуционерна организација“.

    „Инспирирани од оваа идеја, генерации родољуби се вклучија во долгата борба за слободна македонска република, втемелена врз идеалите на правда, слобода и достоинствен живот во која ќе има место за секој маж и жена, независно од народност, јазик и вера. Таа храбра визија што ги поврза Илинден 1903 и АСНОМ 1944, конечно се реализираше на 8 септември 1991 година во независната македонска држава“, вели шефот на државата Пендаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img