Поранешниот претседател на Кина, Ху Џинтао, неочекувано беше исфрлен од денешната церемонија на затворање на Конгресот на Комунистичката партија, јави Си-Ен-Ен.
79-годишниот Ху беше седнат на истакната позиција, веднаш до неговиот наследник, сегашниот лидер Си Џинпинг, кога му пријде член на персоналот и побара тој да ја напушти салата, покажува видеото од состанокот.
Ху стана откако беше подигнат од член на персоналот, кој го фати поранешниот лидер за рака.
Потоа, тој беше придружуван од двајцата мажи од неговото место, при што членот на персоналот го држеше за рака, додека другите членови на партијата седнати зад главната маса гледаа.
Околностите околу срамното изнесување на екслидерот на комунистичка Кина не се познати.