Вчера се одигра најголемото хрватско дерби, она меѓу Хајдук и Динамо. Натпреварот заврши 1:1, но подоцна повеќе се зборуваше за навивачите отколку за играта.Прво, Торцида на север запали бројни знамиња на противнички навивачки групи, а на крајот од натпреварот Bad Blue Boys запалија седишта.
Но, многу подраматични сцени се случуваа во строгиот центар на Сплит, во близина на просториите на Торцида.
Како што пишува Далматински портал, синоќа околу 23:50 часот граѓани повикале полиција на улицата Зринско-Франскопанска поради нарушување на јавниот ред и мир пред просториите на Торцида.Припадниците на Торцида наводно фрлале шишиња кон полицијата, а еден полицаец испукал три истрели во воздух од пиштол.
„Кога полициските службеници пристигнале на местото на настанот, луѓето ги нападнале полицајците фрлајќи ги со шишиња. Во инцидентот со полесни повреди се здобиле четворица полицајци.
За да одбие натамошен напад, полицаецот испукал три куршуми во воздух, а полициските службеници употребиле средства за присилба, спреј со иритирачка материја и службена палка, се со цел да се спречи натамошен напад и да се утврди поволна состојба на јавниот ред и мир“, велат од ПУ на Сплит-Далмација за далматинскиот портал.
Во конфликтот приведени се шест лица, а останатите побегнале, јавува Gol.hr.