Прогласена за најдобар нов настан од водечкиот европски фестивал „Грејт Ескејп“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонската ПИН музичка конференција се закити со значајна награда во Англија, доделена од страна на водечкиот европски фестивал на нова музика „Грејт Ескејп” (The Great Escape). Со ова значајно признание, како актуелен победник во категоријата „Најдобар нов настан” на Годишните награди за музички конвенции (YMCA) кои се доделуваа на славниот „Грејт Ескејп” во Брајтон организаторите на ПИН конференцијата го најавуваат овогодинешното издание.

– ПИН е многу добро организиран настан со квалитетни артисти кој се одржува на одлична локација во навистина убав град. Силната регионална и интернационална компонента на ПИН е исто така главна придобивка – изјави по овој повод Мартин Елбурн, креативниот директор и коосновач на „Грејт Ескејп”, кој и самиот беше еден од делегатите на претходните изданије на конференцијата.

Новото издание на ПИН со оваа титула станува славеничко издание, а ќе се одржи од 24 до 26 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје.

ПИН е првата и сѐ уште единствена меѓународна музичка конференција во земјава која започна во 2012 година и која како редовен дел од програмата на фестивалот ТАКСИРАТ, прерасна во најзначајниот ваков настан на Балканот, а сега веќе и официјално препознаен од страна на водечките стејкхолдери во европската музичка индустрија.

„Концептот на овој настан подразбира исклучително богата тридневна програма која е поделена во дневна панел-програма (конференција) и вечерна музичка програма (шоукејс). Со овој програмски концепт, ПИН на едно место ги обединува сите засегнати страни, професионалци и вљубеници во музиката и музичката индустрија, експерти, уметници, изведувачи, новинари, културни дејци, промотори, менаџери, агенти..“, наведуваат организаторите.

Програмата на ПИН 2022 ќе биде наскоро објавена, а во листата на учесници годинава се очекуваат повеќе од 30 музички изведувачи од цела Европа кои ќе одржат концерти во шоукејс програмата, како и повеќе од 200 делегати од музичката индустрија со кои во панелите ќе го споделиме искуството и ќе го продлабочиме знаењето за актуелни, иновативни и влијателни теми во музичката индустрија.

Овогодинешното издание на ПИН музичката конференција е организирано со поддршка од Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации (HEMI), проект кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Share This Article