More

    Апел од ЕДС до општините и до јавните претпријатија

    spot_img

    По повод информациите објавени во медиумите, а поврзани со прекинот на испорака на електрична енергија кон Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани поради неплатен долг кон ЕДС АД Скопје (ENERGY DELIVERY SOLUTIONS), компанијата испрати апел до јавноста, особено до општините и до јавните претпријатија, за важноста на редовно и навремено подмирување на долговите за електрична енергија, особено во услови на енергетска криза.

    – Нашата компанија, која што веќе 10 години работи на македонскиот пазар по највисоки професионални стандарди, има целосно разбирање за финансиските предизвици со кои што се соочуваат сите деловни субјекти и кога ќе дојдеме во ситуацијата некои од клиентите да се соочуваат со проблеми при подмирувањето на своите обврски, ние работиме со нив да најдеме начин како соработката да продолжи, особено кога се работи за клиенти чија примарна дејност е давање јавни услуги. Но, за жал, понекогаш доаѓаме во ситуација во која што за да ги заштитиме интересите на сите потрошувачи од целата наша балансна група и да обезбедиме стабилност во снабдувањето, принудени сме да ги искористиме законските решенија за раскинување на договорите и прекин на испораката кон некои од клиентите. Во секој случај, на овие клиенти секогаш им останува опцијата да бидат снабдувани од Универзалниот снабдувач, односно Снабдувачот во краен случај, во зависност од нивниот законски третман – велат од ЕДС АД Скопје.
    Оттаму објаснуваат дека самиот прекин на испораката на електрична енергија од ЕДС АД Скопје не значи дека тие потрошувачи ќе останат без електрична енергија.

    – Дополнително, би сакале да појасниме дека исклучувањето го врши дистрибутерот на електричната енергија, не ЕДС, а притоа во ниту еден случај не се исклучуваат објекти од категоријата „критична инфраструктура“. Затоа, како општествено одговорна компанија која што секогаш го има предвид интересот и на клиентите и на граѓаните, апелираме до општините и до јавните претпријатија дека во постојните услови во енергетскиот сектор од клучно значење е редовното и навремено подмирување на сметките за електрична енергија, разумното и одговорно планирање на буџетите за потрошувачка на електрична енергија од надлежните сектори во општините и во јавните претпријатија и секако рационално користење на енергијата – нагласуваат од ЕДС АД Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img