Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 523 тестови, а регистрирани се 50 нови случаи на ковид-19: Скопје – 38, Битола – 5, Прилеп – 3, Неготино – 2, Охрид и Штип – по 1.
„Од вкупниот број на позитивни (50), регистрирани се 13 реинфекции. Регистрирани сe 47 оздравени пациенти од: Скопје – 37, Куманово – 4, Битола и Прилеп – по 2, Тетово и Велес – по 1. Во текот на изминатите 24 часа, не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица. Досега во земјата се направени вкупно 2.179.652 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.850, бројот на оздравени пациенти е 334.007, на починати е 9.559 а бројот на активни случаи изнесува 284“, се вели во соопштението.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)