More

    Адеми од ДУИ вели дека течат консултациите за обезбедување пратеници

    spot_img

    Консултациите за обезбедување потребен број гласови за успешно усвојување на уставните измени продолжуваат со сите пратеници и со сите политички партии, изјави попладнево координаторот на пратеничката група на ДУИ во Собранието, Арбер Адеми.

    Консултациите, нагласува Адеми, продолжуваат со сите релевантни фактори во државата во овој правец.

    – Нашата цел е дека местото на нашата земја е во Европската Унија – рече Адеми потсетувајќи дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во текот на неделата имаше средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи во однос на оваа тема.

    Адеми нагласи дека сѐ што е постигнато досега, почнувајќи од формулациите кои произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, се постигнати со консензус и со консултации со нашите меѓународни партнери, земајќи ги предвид најдобрите меѓународни практики.

    – Во оваа фаза консултациите продолжуваат, плус сме во комуникација со сите пратеници во европското крило, ако може така да кажеме, за да успее овој процес на уставните измени – рече Адеми.

    Прашан во однос на партискиот став за Законот за здруженија и фондации, Адеми рече дека во ДУИ се разгледуваат двете законски решенија, нагласувајќи дека тоа што е меѓународно неприфатливо нема да биде прифатено ни од нивна страна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img