Софија го обвинува Скопје дека ги влошува соседските односи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Северна Македонија ги загрозува основните права на Бугарите утврдени со Европската конвенција за човекови права, како што се правото на здружување, собирање, слобода и слободно изразување на убедувањето, изјави денеска бугарскиот заменик министер за надворешни работи Костадин Коџабашев.

– Во таа насока, принудени сме да ја потсетиме земјата која е кандидат за членство во Европската Унија дека европската практика и законодавните иницијативи кои се однесуваат на правото на здружување, се водени од желбата да се олесни, а не да се попречи создавањето и функционирањето на граѓански организации и здруженија – истакна Коџабашев.

Тој нагласи дека согласно одлуката на бугарското Народно собрание од 24 јуни 2022 година, Бугарија ќе ја поддржи европската интеграција на Северна Македонија само под услов доколку се гарантираат правата на Бугарите во земјата, додавајќи дека „последните законски измени во Скопје противречат на тој услов.

Според него, крајно е неприфатливо да се користи наратив, вклучително и законодавни иницијативи со кои непринципиелно се искористуваат теми поврзани со фашизмот, антисемитизмот и тероризмот со цел да се ограничат основните права и да се влошат добрососедските односи.

– Категорично ги отфрламе обидите за наметнување селективни, еднострани историски толкувања – додаде Коџабашев.

Тој потсети дека согласно Договорот за добрососедство создадена е посебна Комисија за „надминување на историските противречности и нејзините активности „не може да се заменат со ниту една новоформирана структура.

Фото МИА

Share This Article