More

    Со 20 шишиња вотка му честитал роденден на Берлускони

    spot_img

    Дваесетте шишиња вотка што рускиот претседател Владимир Путин му ги испрати на италијанскиот политичар Силвио Берлускони, ги прекршуваат европските санкции воведени поради руската инвазија на Украина, соопшти денеска Европската комисија.

    Поранешниот премиер Берлускони, чија партија „Форца Италија ќе биде дел од новата коалициска влада, се најде во центарот на вниманието неделава, кога истакна дека е повторно во контакт со Путин.

    – За роденден ми испрати 20 шишиња вотка и многу убаво писмо – појасни Берлускони, кој минатиот месец наполни 86 години, на аудио снимка објавена во јавноста.

    Европските санкции воведени во април вклучуваат забрана за увоз на руски алкохол, а тука спаѓа и вотката, наведе Комисијата, додавајќи оти нема исклучоци за подароци.

    Засега не е познато дали италијанските власти ќе преземат нешто околу тоа прашање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img