Руска ракета рано утринава погоди училиште во селото Кмјушувака, во областа Запорожје во јужна Украина, соопштија локалните власти.
Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирило Тимошенко, тврди дека руска ракета погодила „специјализирано училиште“ во селото Комјушувака околу 7:20 часот.
Се уште нема информации за можни жртви.
– Тие нелуѓе дефинитивно ќе бидат казнети – изјави Тимошенко, пренесува 24сата.хр.