More

    УМС на ВМРО-ДПМНЕ однесе атлас со знамиња пред владата откако при посетата на словенечката министерка за надворешни рабти Фајон протoколот на МНР го згреши знамето

    spot_img

    Унијата на млaди сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ денеска однесе атлас со знамиња пред владата откако завчера при посетата на словенечката министерка за надворешни рабти Тaња Фајон протoколот на МНР го згреши знамето.

    – По случувањата вчера каде што повторно протоколот на МНР ги помеша знамињата на државите, се поставува прашањето дали освен непотизам како причина, причина за ова во МНР е тоа што во протоколот се вработени трајно неспособни личности по пример на трајно неспособниот премиер? По не знам кој пат ја посрамотуваат државата. За таа цел денес им носиме атлас на знамиња од светот со лепенки низ чие собирање владата ќе ги научи знамињата – изјави Александра Николовска од Унијата на млади сили.

    Таа додаде дека имаат разбирање дека е комплицирано да се разликуваат знамињата и поради тоа се потрудиле, како што рече, преку интерактивни содржини да им помогнат да се запознаат со знамињата од светот и да не се случуваат вакви пропусти во иднина.

    – Известете нѐ ако имаат и другите институции проблем со распознавање, ќе им однесеме помагала да не нѐ срамат – порача таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img