Официјалната статистика покажува дека инфлацијата во септември изнесувала 14 отсто. Кога ќе ги прашате граѓаните што поскапело, нивниот одговор е многу едноставен – се.
Според пресметките на Нова.рс, некои прехранбени производи поскапеле за повеќе од 100 отсто, а ниту еден производ чија цена не е контролирана од Владата на Србија не останал имун. Сепак, шампионот на поскапувањето ќе ве изненади – тиквичките кои поскапеа од 60 на 150 динари.
Месото е само првото во низата производи чија цена е се поголема и повисока. Така, килограм свински бут на 20 јули чинеше 709 динари, а тоа е затоа што владата ја ограничи цената. Денес, точно три месеци подоцна, неговата цена е 750 динари, пишува Нова.рс. Но, свинскиот бут се „искачи“ на ниво од 750 динари уште во август, кога Владата ја измени Уредбата за ограничување на цената на свинското месо и дозволи тоа да биде највисока цена.
Цената на говедското бедро е, за споредба, иста како и во јули. Така, за килограм од ова месо потребно е да се издвојат 1.300 динари. Додуша, цената се зголеми на 1.360 динари во август, но не остана долго таму. Така, ова месо во септември веќе се врати на нивото од 1.300 динари, каде што е и моментално.
Иако се чинеше дека пилешкото филе ќе може да одолее на поскапувањето, ситуацијата е поинаква.
Откако во септември поевтини за 12 динари – од 792 на 780, сега чини 800 динари за килограм. Така, за три месеци пилешкото филе поскапе за околу еден процент.
Пилешките крилца поскапеа за 65 динари, додека килограм шеќер во јули чинеше 97 динари, сега чини 110 динари.
Што се однесува до долгорочното млеко со 2,8 отсто млечна маст, во јули цената беше 125 динари, но во септември беше намалена на 115. Но, по укинувањето на Регулативата, се случи токму она на што предупредуваа економистите – цените нагло пораснаа. Така сега цената на ова млеко е 142 динари, а на самиот почеток на месецот, неколку дена по завршувањето на Регулативата, била уште повисока, пишува порталот.