Новото бугарско Собрание треба веднаш да го врати ветото за преговорите на Северна Македонија со ЕУ, побара лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ Слави Трифонов, поради тоа што Македонија има намера, како што смета тој, да ги забрани бугарските здруженија во Македонија.
Пратениците во македонското Собрание дадоа поддршка по скратена постапка за носење на Предлог-законот предложен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за изменување и дополнување на
„Собранието во Северна Македонија едногласно изгласа нов закон за фондации и здруженија. Со овој закон е исполнета целта, а тоа е да се забранат сите бугарски здруженија именувани по херои од нашата историја. Што е Иван Михаилов за Македонија, освен херој?“ – пишува Трифонов.
Законот за здруженија и фондации, според кој, меѓудругото, здуженија на граѓани нема да можат да користат имиња и називи на личности кои се сметаат за фашисти, или соработници на фашистите и нацистите во Втората светска војна. Со усвојувањето на овој закон постоечките здуженија ќе добијат рок во кој треба да се усогласат со неговите нови одредби. Со новиот закон во земјава најверојатно нема да може да се користат имињата како „Цар Борис Трети“ „Цар Фердинанд“ или „Иван Михајлов“.
„Прогонот против сè што е бугарско во Северна Македонија продолжува со полна сила. И по падот на бугарското вето, тоа доби уште поголеми и грди размери, што не е изненадување. Доколку Европската Унија сè уште се држи до човечките вредности што ги прокламира, веднаш треба да ја замрзне кандидатурата на Северна Македонија за членство во Унијата. Северна Македонија уште еднаш покажа дека не е земја достојна за Унијата каде што човековите права и правото на самоопределување се основни. На Бугарија ѝ е јасно што мора да направи – прво МНР да го повика на разговор новиот амбасадор на Северна Македонија во нашата земја. Второ, и најважно – откако ќе почне со работа, новото Народно собрание е должно да го врати ветото на Бугарија против Северна Македонија. Бугарија е таму каде што има и само еден Бугарин. Но, прашањето е дали во нашиот нов парламент има Бугари кои го разбираат ова и на кои им е грижа? Ќе видиме“, напиша Трифонов на Фејсбук.
Партијата на Трифонов беше главен противник на укинувањето на ветото во претходниот парламент, но не успеа да влезе во новото Народно собрание.