Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 808 тестови, а регистрирани се 57 нови случаи на ковид-19: Скопје – 38, Битола и Прилеп – по 5, Штип – 4, Кавадарци, Велес, Струга, Неготино и Крушево – по 1.
„Од вкупниот број на позитивни (57), регистрирани се 15 реинфекции. Регистрирани сe 9 оздравени пациенти од: Скопје – 8 и Македонски Брод – 1. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Струга (86), и истото е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица. Досега во земјата се направени вкупно 2.177.967 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.722, бројот на оздравени пациенти е 333.833, на починати е 9.554, а бројот на активни случаи изнесува 335“, се вели во соопштението.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)