На 14 октомври 2022 година во просториите на Националната установа „Завод и Музеј Битола“ се оддржа 12 Изборна Конференција на општинската организација на НСДП – Нова социјалдемократска партија Битола.
На Конференцијата беа присутни 80 делегати, претседателот на НСДП Горан Мисовски и генералниот секретар Мики Милковски, како и потпретседателите Драги Крстев, Јулијана Цековска и Зоран Маневски, организацискиот секретар Венцо Вуинов, членови на Извршниот одбор и гости од други општински организации на НСДП.
На Изборната конференција за претседател на општинската оррганизација беше избран Филип Ивановски, дипломиран правник од Битола, како и 16 члена на Извршниот одбор и 5 члена на Надзорниот одбор.