More

    Камила и Чарлс прекршуваат традиција стара 185 години

    spot_img

    Кралот Чарлс Трети стапи на тронот по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, а иако длабоко ја почитува поранешната кралица-мајка, сепак реши да направи нешто сосема поинакво од неа. Кралот и кралицата Камила, според изјавите на извори упатени во животот на кралската двојка, немаат намера да се преселат во Бакингемската палата, долгогодишниот дом на својата мајка и згора на тоа, официјалниот дом на сите британски кралеви и кралици уште од 1837 година.

    Двајцата во моментов престојуваат во Кларенс Хаус, која е на неколку минути пешачење од Бакингемската палата, која ќе остане оперативно седиште на кралот, но ниту еден од нив не сака тоа да биде нивна примарна резиденција. Палатата моментално е под десетгодишно реновирање кое треба да заврши во 2027 година, а изворот верува дека кралската двојка нема да се пресели таму ниту по реновирањето. Исто така, спротивно на традицијата на владеењето на кралицата Елизабета Втора, кралското знаме ќе се вее над Бакингемската палата и Кларенс Хаус.

    Кралски извори за „Сандеј тајмс“ изјавиле дека на кралот Чарлс му е „многу удобно“ во Кларенс Хаус и дека ниту Камила не е воодушевена од идејата тие да живеат во „голема куќа“.

    – Знам дека тој не е љубител на „големата куќа“, како што ја нарекува палатата. Тој не го гледа тоа како остварлив иден дом или куќа која одговара на целта во современиот свет. Тој верува дека одржувањето на палатата, како од трошковна, така и од еколошка перспектива, не е одржливо – вели еден извор за кралот Чарлс.

    – Вистина е дека Камила не сака да живее во Бакингемската палата – рекол друг извор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img