Во Берово изутрина во 8.30 часот се измерени – 2 степена, 2 во Лазарополе, 3 во Скопје – Петровец, Крива Паланка, Струмица, Битола, Маврови Анови. Во Тетово температурата изнесувала 4 степени, 5 во Демир Капија, Попова Шапка, Прилеп, 6 во Виница, Штип Претор, Крушево, Куманово, Дебар, Скопје – Зајчев Рид, 7 Охрид, 8 Гевгелија и 10 степени во Дојран.
Како што информира УХМР, во текот на ноќта беше ведро, утрово е сончево и студено со мала до умерена локална облачност претежно во Повардарието. Дува слаб ветер од променлив правец, а магливо е во делови од скопската котлина.