Ние сме во континуитет нелегално следени од страна на структури кои формално се во рамки на безбедносните структури во Македонија, но ја злоупотребуваат својата службена положба и обвластување, тврди потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
– Најследен е претседателот Христијан Мицкоски, исто така и јас сум следен и одредени други членови на ВМРО-ДПМНЕ. Не мислам дека е демократски и нормално високи функционери од безбедносните сили да се гледаат со новинари и да им пласираат полуинформации и невистини, коишто после бараат од нив да ги објават во јавноста насочени кон опозицијата – изјави Николоски во дневникот на Сител.
Николоски потсети дека претходната влада падна заради масовно прислушување.
– Оваа влада имаше перфектен начин да ја научи таа лекција, ама обземени од моќта од тајните служби и тие ќе изгорат можеби и полошо од претходната власт – изјави Николоски.