Полицијата во Стоктон, САД, уапси 43-годишен маж осомничен за шест убиства во тој град во централна Калифорнија.
Весли Браунли беше приведен вчераутро откако планираше да „лови“ друга можна жртва, изјави началникот Стенли Мекфејден на прес-конференција.
„Беше во мисија да убие“, изјави шерифот, додавајќи дека полицијата спречила уште едно убиство.
Браунли носел пиштол во моментот на апсењето.
Пет мажи беа убиени во Стоктон помеѓу 8 јули и 27 септември во слични околности. Уште еден маж беше убиен во април 2021 година во Оукленд, 80 километри западно од Стоктон.
Жртвите биле на возраст меѓу 21 и 54 години.
Мотивот за убиствата не е утврден, а осомничениот треба да биде изведен пред судија следната недела.