Само во Македонија се увезени производи вредни речиси 500 милиони долари

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Турскиот извоз на Балканот за девет месеци од годинава е зголемен за 24,9 отсто во однос на истиот период лани и достигна 15,7 милијарди долари. Најмногу е извезено во Романија со 4,7 милиони долари, додека најголем пораст во однос на истиот период лани забележа Црна Гора, јавува Анадолија.

Според податоците кои Анадолија ги добила од Собранието на турски извозници (ТИМ), во првите девет месеци од годинава во балканските земји остварен е извоз во вредност од 15 милијарди и 698 милиони долари, а се однесува на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Романија, Србија, Словенија и Грција.

Во истиот период лани изнесуваше 12 милијарди и 571 милион долари, па извозот на Балканот лани е зголемен за 24,9 отсто.

Најголем извоз во споменатиот период меѓу балканските земји е остварен во Романија (4,7 милијарди долари), потоа Бугарија (3,4 милијарди долари), Грција (2,1 милијарди долари), Србија (1,3 милијарди долари) и Словенија (1,2 милијарди долари).

Извозот на Турција во Албанија изнесува 742,8 милиони долари, потоа Босна и Херцеговина (548,1 милиони долари), Северна Македонија (488,5 милиони долари), Косово (483,1 милиони долари), Хрватска (439,1 милиони долари) и Црна Гора (118,6 милиони долари).

Извозот на Балканот е зголемен во 10 земји во периодот јануари-септември годинава во однос на истиот период во 2021 година. Во една земја е намален.

Во овој период најголем раст на извозот е остварен во Црна Гора со 60,2 отсто. По Црна Гора, земја со најголем пораст на извозот меѓу балканските земји е Албанија со 43,4 отсто. Извозот во Бугарија е зголемен за 34,9 отсто, Романија (34,1 отсто), Северна Македонија (29,4 отсто), Хрватска (28,2 отсто), Србија (24,0 отсто), Косово (21,5 отсто), Босна и Херцеговина (21,3 отсто) и Грција (7,8 отсто). Извозот во Словенија е намален за 3,1 отсто.

Кога станува збор за извозот во балканските земји по градови, најголем бил од Истанбул и изнесувал 7,5 милијарди долари. Со оваа сума, Истанбул учествувал со 47,9 отсто од извозот од 15,7 милијарди долари во балканските земји.

Секторот хемиски материјали и производи оствари најголем извоз на Балканот. Во овој период, секторот хемиски материјали и производи извезе 2,8 милијарди долари во земјите од Балканот.

- Advertisement -
Ad image

По овој сектор следат челикот, автомобилската индустрија, црните и обоените метали, електричната енергија и електрониката.

Share This Article