Владата предводена од СДСМ обезбеди парно за скопјани

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Скопјани утрово на првиот ден од грејната сезона се разбудија со топли радијатори откако „Електрани“ на Северна Македонија ги доби потребните лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, велат од владејачката СДСМ.

Според нив, 60.000 домаќинства од денес па до крајот на грејната сезона ќе имаат затоплување на своите домови затоа што Владата предводена од СДСМ го презеде

– Иако станува збор за дејност за која е надлежен Град Скопје, градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска избега од оваа одговорност во време на светска економска и енергетска криза. Очигледно дека на неспособните медари од ВМРО-ДПМНЕ не им се важни граѓаните, туку се интересираат единствено за местење тендери и делење провизии – посочуваат од СДСМ.

– Покрај тоа што бега од обврските, ВМРО-ДПМНЕ преку пратениците продолжува да ја кочи работата на Собранието и блокира важни закони меѓу кои и Законот со кој се обезбедуваат 100 милиони евра за непречено работење на ЕСМ во време на криза. Огромна е разликата помеѓу одговорниот однос на СДСМ и деструктивното и штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ – додаваат од партијата на власт.

Share This Article