More

    Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се изјасни за именувањето на клубот „Иван Михајлов“

    spot_img

    Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди мислење според кое Македонците на национална и етничка основа се тешко дискриминирани во сопствената држава. Комисијата донесе и две други мислења поврзани со бугарскиот клуб.

    – Нема никакви дилеми дека се работи за еклатантно вознемирување врз национална и етничка припадност, вели Весна Бендевска, членка на комисијата, поранешна пратеничка од СДСМ. Комисијата му наложува на основачот на клубот во рок од 30 дена да отстрани сè што ги навредува и дискриминира Македонците.

    Комисијата забележува дека на ѕидовите во објектот на клубот кој се наоѓа во центарот на Битола има повеќе контроверзни цитати, меѓу кои и дека биле залудни сите напори на, како што се наведува маскираната македонска нација да го лаже светот.

    Ваквите мислења комисијата ги донела врз основа на Институтот за национална историја. Од Министерството за правда на обвинувањата дека прават индиректна дискриминација реагираа само со соопштение.

    – Недореченостите околу ингеренциите и начинот на именување на здруженијата ќе се надмине со измените на законот – рече вицепремиерот Маричиќ и додаде дека со новото решение никому нема да му биде скратено правото да здружување.

    На случувањата поврзани со бугарските културни центри во земјава реагираше и министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков. Тој смета дека доколу продолжат реакциите против бугарските центри во земјава, тоа ќе влијае и врз динамиката на нашето приближување кон ЕУ.

    Инаку, по отворањето на клубовите „Иван Михајлов и Цар Борис Третинајавено е и отворање на трето бугарско здружение кое ќе го носи името на Цар Фердинанд, но за да добие дозвола треба да го помине и филтерот на новоформираното ад-хок дело кое ќе дава дозвола за имињата на здруженијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img