More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани, 14 Октомври, 2022

    spot_img

    Денеска (14.10.2022) во периодот од 05.40 до 06.30 часот на подрачјата на ЕВР Центар и Бит Пазар и ЕВР Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ш.(40), Ф.В.(26) и В.Р.(20), сите од Скопје. Тие се сомничат дека со уште две лица извршиле повеќе кривични дела „тешка кражба“ во куќи, станови и правни лица на подрачјето на Скопје. По наредба на судија на претходна постапка од ОСновен кривичен суд Скопје, полициски службеници од СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР извршиле претреси на пет локации во Скопје. При претрес во домот на А.Ш. биле пронајдени и одземени пиштол „глок 19“ со четири рамки и 33 куршуми калибар 9мм, ремен од автоматска пушка, ласерски нишан за пиштол и други предмети поврзани со кривичните дела. Додека при претреси во домовите на Ф.В. и В.Р. биле пронајдени и одземени повеќе часовници од познати брендови и други предмети за кои постоои сомнение дека потекнуваат од кривичните дела. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 236 и член 396 од Кривичниот законик.

    На 13.10.2022 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(20) од Куманово. Тој се сомничи дека во текот на денот на улицата „Ленинова“ во Куманово извршил кражба на паричник од А.С.. Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 13.10.2022 во 21.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(24) од Струмица, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 13.10.2022 во 12.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, по извршена проверка било констатирано дека возилото „мерцедес“, со германски национални ознаки, кое го управувал Б.Ф.(45) од Косово, се наоѓа во оперативната евиденција по барање на Интерпол. Возилото било одземено, а Б.Ф. бил приведен во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за минување на затворен сигнал (црвено светло) 13, осум санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за нерегистрирани возила…

    Во текот на вчерашниот ден (13.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 130 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

    СВР Штип во текот на вчерашниот ден (13.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето на СВР Штип изречени се вкупно 30 мерки, меѓу кои за возење повеќе од од дозволената брзина 8 санкции, 4 мерки за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 1 возач почетник, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 2 некористење сигурносен појас, 4 прекршоци сторени од пешаци и 8 за непрописно паркирање.

    На 13.10.2022 во 16.20 часот во Полициската станица Карпош, М.Н.(42) од Скопје пријавила дека на бул.„8 Септември“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    На 13.10.2022 во 17.30 часот во СВР Тетово, Ј.К.(70) од Тетово пријавил дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img