Почнувајќи од денес па се до 16ти во Охрид ќе се одржува единаесетиот состанок на Викимедија за Централна и Источна Европа. Оваа средба се организира во живо после пауза од две години поради Ковид пандемијата.
На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
– Дозволете да го изразам моето задоволство што Охрид е домаќин на престижен настан посветен на важноста на Википедија еден од петте најпосетувани сајтови во Светот. Живееме во хипер поврзан Свет на глобална и динамична економија, изложена на постојани промени и неизвесности. Сведоци сме на невиден технолошки напредок но и преиспитувања и парадокси. Социјалните мрежи постојано се продлабочуваат и мултиплицираат. Покрај физичките се понагласена улога имаат оптичките коридори и информатичките крстосници, истакна градоначалникот Пецаков.
Претседавачот Кирил Симеоноввски ја потенцираше важноста од одржувањето на овој настан и развивањето на квалитетна дискусија поврзана со темите и посака успех на учесниците во работата.
Предвидено согласно агендата на настанот да се води дискусија на повеќе теми кои се поврзани со потребите на заедниците од државите на Централна и Источна Европа.