Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди руската област Иркутск во Сибир, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот е регистриран во регионот околу Бајкалското Езеро, 106 километри источно од градот Иркутск.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Нема извештаи за жртви или материјална штета.