Претседателот Стево Пендаровски со указ го назначи професорот Љубомир Фрчкоски за ополномоштен амбасадор на Македонија во Организацијата на Обединетите Нации во Њујорк, потврдиле за Канал 5 од Кабинетот на шефот на државата.
Со тоа претседателот ја прекина повеќе месечната блокада во Комисијата за надворешна политика во Собранието, каде според процедурите, Фрчковски требаше да ги презентира своите тези.
„Индикативно е што во изминативе десетина месеци, на осум кандидати за амбасадори им беше овозможено да ги презентираат своите тези пред собраниската комисија, само за кандидатот за амбасадор при нашата мисија во Обединетите нации таква седница воопшто не беше закажана“, информирале од Кабинетот на претседателот.